"Како да експлодирала атомска бомба": Исповед на бездомник во Шпанија за време на епидемијата на коронавирусот

Точка

25/03/2020

15:00

2.925

Големина на фонт

а а а

Многу градски дневни центри за бездомници и народни кујни или се затворени или го скратиле работното време во текот на блокадата.

Додека шпанските власти ја советуваат јавноста дека престојот дома е најдобар начин да се победи пандемијата на коронавирусот, некои луѓе остануваат надвор бидејќи нивниот дом се улиците на Мадрид и Барселона. 

Шпанија, која од денес се наоѓа на второ место по бројот на починати, и на четвртото меѓу земјите со најголем број на заразени од коронавирусот, е во блокада. Затворени се продавници, испразнети се деловни згради, а градовите се во главно пусти и преку ден и навечер.

Во Барселона, која е типично во метеж, има околу 1.000 бездомници, пренесува "AP".

"Како да дошло до нуклеарна експлозија и луѓето се сокриле во бункер. Надвор останавме само ние, бездомниците", изјавил 36-годишниот Гана, кој на улица живее од свои 8 години.

Тој навечер спие на праг на продавница за мебел, која преку ден е затворена, на картонска кутија покриен со едно ќебе.

Многу градски дневни центри за бездомници и народни кујни се или затворени или го скратиле работното време во текот на блокадата.

"Мислев дека видов се во текот на 12-те години додека спијам на улица, но не. Оваа тишина во текот на целиот ден ме плаши...повеќе од самиот вирус", рекол Рикардо.

Тој со уште четири бездомници спие на под пред трговски центар кој гледа на Рамбла, едно од обележјата на Барселона.

Единствено што се слуша е буката од мотоциклите или полицијата.

Властите се обидуваат да приберат што поголем број на бездомници од улица, но така што нема да ги стават во групно засолниште, каде има поголем ризик да се заразат.

Изложбениот центар IFEMA во Мадрид е претворен во импровизирано засолниште со 150 лежишта.

Во Барселона едно старо училиште е претворено во привремено засолниште за 56 луѓе, а властите ветиле дека ќе обезбедат наскоро извесен број на лежишта.

Оние кои спијат на улиците во Барселона се сложни за едно - просењето за пари и храна е сега бесмислено, бидејќи нема никој што да им даде.




Спонзорирани линкови

Маркетинг