Овој пресладок ракун ќе ве потсети како правилно да ги миете рацете во текот на пандемијата

Точка

25/03/2020

14:19

1.920

Големина на фонт

а а а

Веројатно ова го слушнавте безброј пати во последните неколку недели, но овој ракун е тука да ве потсети дека треба да ги миете рацете, пренесува “People”.

Во текот на пандемијата на Ковид-19 се чини дека спасувачкиот центар “Jaguar” од Костарика прави сè за неговите жители да бидат безбедни и здрави. 

Овој спасувачки центар кој е посветен на негата и рехабилитацијата на напуштените и злоставувани диви животни, неодамна објави снимка на својот Фејсбук профил на која се гледа како еден ракун внимателно ги мие своите раце над розова чинија.

“Овој малечок сака да ве потсети да ги миете рацете 20 до 30 секунди. Останете безбедни!”, напишале од “Jaguar”, а советот кој може да ви го спаси животот е особено актуелен кога доаѓа од сладок ракун.

Миењето раце во траење од 20 до 30 секунди е еден од најефикасните начини како да спречите ширење на коронавирусот. Освен тоа практикувајте да не го допирате лицето, останете дома (особено доколку се чувствувате болно) и ограничете го контактот со луѓето надвор од вашиот дом.

Спасувачкиот центар кој зависи од туризмот и донациите за грижа на животните моментално се ослонува само на донации за да продолжи да биде продуктивен и во текот на пандемијата на коронавирусот. Можете да ја посетите нивната веб-страна за донации за да научите повеќе за спасувањето и за тоа како да го поддржите центарот во текот на тешките времиња.



Спонзорирани линкови

Маркетинг