Шпанија е втора земја на светот по бројот на смртни случаи како последица на Ковид-19, веднаш зад Италија.
Со 3,434 смртни случаи, според податоците на шпанското Министерство за здравство, Шпанија ја претекна Кина, епицентарот на коронавирусот. На прво место и натаму е Италија со дури 6,820 смртни случаи, додека Кина сега е на третото место со 3,287 смртни случаи.
Ситуацијата во Шпанија е алармантна – само во последните 24 часа се регистрирани нови 738 смртни случаи, што е за 27% повеќе во однос на вчерашниот ден.
Според податоците на здравствените служби, 47,610 лица се заразени, што е пораст за 20%, а само во текот на еден ден се регистрирани дури 7,937 нови случаи.
Засега во Шпанија на интензивна нега се сместени 3,166 пациенти, додека 5,367 се отпуштени од болниците.