Уште 29 нови случаи на коронавирус во земјава, заразени се вкупно 177 лица

Макфакс

25/03/2020

13:10

2.627

Големина на фонт

а а а

Министерството за здравство информира дека во изминатите 24 часа се регистрирани 29 нови случаи на коронавирус во земјата.

Од нив 20 се од Скопје, 3 од Куманово, 3 од Велес, двајца се од Прилеп и едно лице е од Дебар.

Со ова, вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со Ковид-19 денеска до 12:00 часот изнесува 177 лица од кои 1 излекуван и 2 починати пациенти.

Според местото на живеење, досега случаи на Ковид-19 се регистрирани во: Скопје (108), Дебар (41) – 1 починат; Куманово (11) – 1 починат, Штип (7); Велес (3); Кавадарци (2); Охрид (2); Прилеп (2); Гостивар (1).



Спонзорирани линкови

Маркетинг