Британскиот принц Чарлс позитивен на коронавирус

Точка

25/03/2020

12:14

2.397

Големина на фонт

а а а

Британскиот принц Чарлс е позитивен на коронавирус, јавуваат британските медиуми.

Од Клеренс Хаус потврдуваат дека 71-годишниот принц бил тестиран на коронавирус и дека резултатите од тестот се позитивни. 

“Тој има благи симптоми, но неговото здравје е добро и во последните денови работи од дома, како и вообичаено. Војвотката од Корнвол е исто така тестирана, но нема вирус”, се наведува во соопштението.

Не е познато како се заразил принцот Чарлс, но се наведува дека во последните неколку седмици имал повеќе обврски во јавноста. Брачниот пар, според препораките на лекарите, останал во својот дом во Шкотска.


Пред неколку дена, еден од вработените на кралицата Елизабета Втора бил тестиран и е исто така позитивен.

“Вработениот дознал дека е позитивен пред кралицата да замине во Виндзор. Палатата има 500 членови на персоналот и, како и секое друго работно место, не е незамисливо дека некој ќе се зарази”, вели извор од кралското семејство.

Секој член на персоналот кој бил во контакт со заразениот ќе мора да оди во самоизолација. Сепак, не е познато дали кралицата била во контакт со него.

Елизабета Втора заминала за Виндзор за да го избегне ризикот од зараза. Таа таму оди секоја година за Велигден, но сега заминала порано.



Спонзорирани линкови

Маркетинг