Секој трет човек има корона и е “тивок преносител“ на вирусот – позитивен на тестот, но без никакви симптоми

Точка

25/03/2020

11:27

6.257

Големина на фонт

а а а

За епидемиолозите ова се најопасните пациенти кои што постојат... Експертите предупредуваат дека еден од тројца луѓе е заразен од коронавирусот и е позитивен на тестот за Ковид-19, но не покажува никакви симптоми на таа болест.

Информацијата ја објавиле од кинеската влада и зборувале за тоа дека постои многу поголем број на асимптоматски пациенти отколку што се мислеше претходно.

Според податоците кои што се објавени во „South China Morning Post“, до крајот на претходниот меец биле тестирани 43 илјади луѓе кои што биле позитивни на коронавирусот во Кина, а претходно не покажувале никакви симптоми за истиот.

Досега научниците не успеале да одредат колку има заразени луѓе кои што се без симптоми и каков ефект имаат врз ширењето на вирусот.

Од СЗО велат дека асимптоматското ширење на болеста како такво е ретко.

Јапонскиот експерт Хироши Нишуира напишал свое мислење за асимптоматските пациенти во Интернационалното списание за болеста.


„Асимптоматското ниво би можело да биде поголемо кај децата, отколку кај возрасните, што кај многумина би можело да го промени обемот на оваа епидемија“ – вели тој.

Експертите нагласиле дека вирусот најчесто го шират луѓето кои што веќе покажуваат симптоми на грозница, кашлање или пак тешко дишат. Доколку тоа е вистина, тоа се добри вести, затоа што луѓето кои што видно се болни можат да бидат идентификувани и изолирани, што ја олеснува контролата на ширење на вирусот.

Сепак, можно е и пренесување на вирусот од пациенти кои што не покажуваат никакви симптоми.


Кинески советник за медицински прашања, Зонг Наншан ијавил дека постојат многу случаи од овој вирус кои што се манифестирале асимптоматски.

„Личноста која што не покажува никакви симптоми, а има вирус лесно може да го шири вирусот и на други луѓе. Колку е често ширењето на болеста која што не покажува симптоми на истата, сè уште не е детално познато“ – наведува тој.

Прв случај на асимптоматски заболен пациент бил забележан во Германија кај некоја жена од Кина која што заразила неколку колеги затоа што немала никакви симптоми и не знаела дека е позитивна на Ковид-19.




Спонзорирани линкови

Маркетинг