Кинез почина во автобус од опасен вирус: Еве колкава е можноста да се рашири

Точка

25/03/2020

11:12

6.182

Големина на фонт

а а а

Маж кој починал во автобус во Кина бил позитивен на вирус кој е посмртоносен од Ковид-19, а заедничко за двата вируси е тоа што заболените имаат слични симптоми.

Лицето починало во Шандонг, а кинеските епидемиолози откриле дека причина за смртта е хантавирусот. Веста за смртта од хантавирус пристигнува во моментите кога кинеските власти се подготвуваат за деблокада на Вухан – град кој беше во карантин поради пандемијата на коронавирусот.

Последниот инцидент предизвика паника во одредени делови на Кина, иако експертите тврдат дека хантавирусот преминува од човек на човек во многу ретки околности.

„Хантавирусот за прв пат се има појавено во 50-тите години од минатиот век за време на американско-корејската војна. Го шират стаорци, а преносот од човек на човек е многу редок. Ве молам да не паничите, освен ако не планирате да јадете стаорци“, изјави шведскиот научник Сумаиа Шаик.

Иако хантавирусот е редок, сепак има стапка на смртоност од високи 38%. Изложеноста на урина и измет на заразени глодари може да резултира со инфекција и пренесување на вирусот, а хантавирусот исто така може да се пренсе и доколку стаорецот гризне човек.

Симптомите на хантавирусот со коронавирусот практично се идентични – потешкотии во дишењето, кашлица, главоболка и покачена телесна температура.



Спонзорирани линкови

Маркетинг