Сега и тоа е возможно: Набљудувајте ја поларната светлина од удобноста на вашата фотелја

Точка

25/03/2020

10:48

3.834

Големина на фонт

а а а

Отсега сите ќе можат да уживаат во набљудувањето на овој природен феномен од своите домови – овозможен е пренос во живо на поларната светлина аурора бореалис.

Сезоната на видливост на аурора бореалис обично трае од декември до април, меѓутоа патувањата на местата од кои таа најдобро се забележува се забранети поради пандемијата на коронавирусот. 

Наскоро сезоната на видливост ќе заврши, а не се знае до кога ќе трае вонредната состојба. Но, за среќа нема да морате во целост да го пропуштите овој настан.

Благодарение на истражувачкиот тим кој поставил камера во местото Черчил во Манитоба, Канада (познато по тоа што овозможува неверојатен поглед кон аурора), ќе можете да ја набљудувате поларната светлина без мака, од удобноста на вашата фотелја.

Всушност камерата не е поставена само поради вонредната состојба – ваквиот пренос бил во план веќе неколку години.



Спонзорирани линкови

Маркетинг