“Беше спремна за созревање”: Вуди Ален ја опишал контроверзната љубов со 35 години помладата посвоена ќерка

Точка

25/03/2020

10:05

2.787

Големина на фонт

а а а

Режисерот Вуди Ален проговорел за контроверзната љубовна врска со својата посвоена ќерка Сун Ји Превин во новите мемоари.

Мемоарите со наслов “Apropos of Nothing” се посветени токму на 49-годишната Сун Ји со која Ален е денес во брак. 

“За најдобрата Сун Ји. Ѝ дозволив да ми јаде од рака и тогаш забележав дека раката ми недостасува”, напишал Вуди во посветата. Тој ја посвоил Сун Ји со актерката Миа Фероу, а нивната врска започнала кога таа имала 22 години.


Режисерот тврди дека и покрај разликата од 35 години, Превин била “спремна за врвно созревање доколку некој ѝ покаже љубов”.

Тие двајца ја криеле својата врска, а Миа дознала за сето тоа кога ги пронашла нивните еротски фотографии. Ален опишува како тој и Сун Ји преминале од однос помеѓу двајца луѓе кои никогаш особено не се сакале до пар кој сега е во брак повеќе од 20 години и сè уште е страсно заљубен.


Вуди и Сун се во брак од 1997 година, а заедно имаат две деца.



Спонзорирани линкови

Маркетинг