Новата хрватска Мис Универзум, Мирна Наиа Мариќ, понеделникот го поминала во разурнат стан на нејзини пријатели.
Мирна „се фатила“ за метлата и лопатата и собирала делови од ѕидот кој се распукал од земјотресот кој го погоди Загреб во недела во 6:24.
„Им помагам на пријателите после земјотресот“, напишала убавата Мирна.
Многу загрепчани во неделата претрпеле големи штети, а некои не можат да се вратат во своите домови. Градот Загреб после земјотресот прогласи елементарна непогода.