Славниот сопруг веќе 26 години е луд по неа и не обраќа внимание на коментарите "дека може да има и подобра, и поубава"

Точка

23/03/2020

20:38

7.455

Големина на фонт

а а а

Славниот Пирс Броснан бил фотографиран на Хаваи со семејството.

Британскиот актер Пирс Броснан е фотографиран како ужива на плажа на Хаваите во друштво на својата сопруга Кели Шаје Смит (56), со која е во врска од 1994-та година. 

Американскиот актер Пирс Броснан уживал на плажа, додека без маица се шетал со својата сопруга, а подоцна уживал во магијата на песокот и водата.

Поранешниот Џејмс Бонд изгледа одлично за своите години, но фановите велат дека неговата сопруга е дебела и дека треба да обрати внимание на својата фигура, бидејќи пред 25 години била многу убава и слаба.

Пирс, кој прв пат го глумел Џејмс Бонд во 1995-та година, облекол сино-бел костим за капење, додека ги гледал брановите и трчал по брегот.

Од време на време само седел под чадор, ставил црни очила за сонце и бел шешир и уживал со членовите на семејството.

Тој бил фотографиран во време додека се самоизолирал со своето семејство и се тргнал од метежот и потенцијалната зараза од коронавирус.

Во меѓувреме, Кели носела едноделен црн костим за капење и носела темни очила за сонце. Во рака држела шарена бејзбол капа, а на раката сина алка за да го разбие црниот стајлинг.

Парот седел под голем чадор, а Кели подоцна облекла и проѕирна наметка преку костимот за капење.

Пирс и Кели се запознале во 1994-та година, а се венчале во 2001-ва година во неговата родна Ирска.

Пред тоа, тој бил во брак со Австралиската актерка Касандра Харис од 1980-та година, се до нејзината смрт во 1991-ва.

Пирс има три деца, две од бракот со Кели, како и Шон, кој го има од бракот со Касандра.

Тој го посвоил и двете деца од првиот брак на Касандра, кои го носат презимето Броснан.




Спонзорирани линкови

Маркетинг