Доктор одговара на клучно прашање – зошто настана пандемија на коронавирусот?

Точка

23/03/2020

19:03

10.776

Големина на фонт

а а а

Новинарот му поставил непријатно прашање на овој доктор, го прашал: „Дали ова е крајот на светот?“...

Британскиот професор Хју Монтгомери, директор на UCL Институтот за здравје при Лондонскиот универзитет, ја објаснил разликата помеѓу ‘обичниот’ грип и коронавирусот...

„Доколку имам вообичаен грип тогаш јас ќе заразам 1.3 – 1.4 луѓе во просек. Доколку тоа тие го пренесат понатаму, тоа е круг на пренесување. Но, доколку се создадат десет такви кругови на пренесување, тогаш јас ќе бидам одговорен за околу 14 случаи на заразени од грип. Овој, коронавирус е многу заразен, така што секоја една личност во просек заразува уште тројца други. Е сега, тоа на прв поглед не изгледа како некоја голема разлика, но доколку секојдневно од тројца пациенти се заразуваат нови тројца, па по 10 ‘слоеви’ пренесувања јас ќе бидам одговорен за 59.000 инфицирани луѓе!“.


Професор Монтгомер објаснил дека поголемиот дел од луѓето ќе се чувствуваат добро или пак ќе имаат некои поблаги симптоми, но вирусот и понатаму ќе продолжи да се шири.

Некои од нив ќе се разболат, во просек 10 дена откако биле заразени, ќе мора да одат во болница каде што ќе добијат третман, а симптомите можеби и ќе им се влошат. Доколку се случи тоа, тогаш истите ќе мора да бидат преместени на Интензивна нега.

„И тука се, доколку се сериозно болни, ќе бидат во заблуда дали ќе бидат спасени или пак не. Ако имаме лимитирани средства, како што имаме досега, лимитиран број на респиратори, медицински работници, луѓето нема да можат да добијат адекватна нега“.


На прашањето, “дали ова е крајот на светот?“, докторот одговорил:

„Не, мора да запомнеме едно нешто. Ќе биде грозно, страшно за одреден број луѓе, но ќе биде мал процентот на оние кои што сериозно ќе заболат и уште помал процентот на оние кои што ќе мора да бидат пренесени на Интензивна нега. И можеме да спасиме животи во голем број. Но, ве молам, запомнете најдобрата шанса која што можеме да им ја пружиме на луѓето е доколку имаме доволно кревети, медицински персонал... Доколку сте несериозни и баш ви е гајле дали ќе заболите од коронавирусот, запомнете – не станува збор за вас, туку за сите други кои што се околу вас!“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг