Херои од Кина примиле експериментална вакцина против коронавирусот – еве како се чувствуваат

Точка

23/03/2020

14:30

3.915

Големина на фонт

а а а

Оваа вакцина ја развила биотехничката компанија со седиште во Тјенѓин. Група од 108 доброволци, избрани според строги процедури, учествувале во првата вакцинација како дел од првата фаза на клиничкото испитување на вакцината против Ковид-19.

Вакцината ја развила биотехничка компанија со седиште во Тјенѓин и истражувачки тим на чело со Чен Веј, експерт за спречување и контрола на биолошки опасности од Академијата за воени медицински науки на Народната ослободителна војска.

Режисерот Чен Менгкјао (34), регистриран е како доброволец за вакцинација на 16-ти март. Четири дена подоцна, станал еден од ретките кои што биле вакцинирани.

Вкупно 108 волонтери, сите жители на Вухан на возраст од 18 до 60 години, поделени во три групи од кои на сите им биле давани различни дози од серумот.

„Бидејќи секој од овие луѓе има различна здравствена состојба, поголемиот дел од нив беа сместени во групата со помали дози од серумот, а јас бев сместен во групата со средна доза“ - изјавил Чен.

За да бидат вакцинирани истите морале да поминат низ строги физички тестови.

„Тоа што изборот беше строг е добра работа, затоа што значи дека експертите се одговорни“ – рекол Чу Аобинг, 27-годишниот ветеран.

„По сите направени тестови, експертите користат книга за евиденција од секој физички преглед, внимателно ја разгледуваат медицинската историја на секој еден, историјата на трансфузија на крв или пак дали некој од ветераните бил на одделението на Брза помош“.

По примената инјекција, Чен како и многу од доброволците имал зголемена телесна температура.

„За еден ден се искачи на 37.8. Тоа е нормално и може да укажува дека имунолошкиот систем реагирал“ – изјавил тој и додал дека потоа телесната температура му се вратила во нормала.

Чу, примач на мала доза на серумот, не пријавил непријатни симптоми и немал температура, но како пушач имал дополнителен предизвик да престане да пуши во текот на овој процес и морал да следи одредени начини на исхрана во текот на карантинот.

Диетата содржела месо, ориз, зеленчук и овошје, како и кокосов сок...

Освен што овие ветерани се наоѓаат во 14-дневен карантин, од нив се бара и да бидат во контакт со докторите во наредните шест месеци, а крвта мора да ја тестираат една недела по вакцината, а потоа повторно за половина месец да го направат истото.

Исто така треба да направат и анализа на крвта по еден месец, три месеци односно шест месеци од примањето на вакцината.

„Како жител на Вухан и ветеран, должен сум да волонтирам и целото мое семејство ме поддржува. Тоа е тоа што морам и што треба да го направам“ – изјавил Чу.




Спонзорирани линкови

Маркетинг