Експертите од Кина согласни – вирусот најмногу ги погодува старите и мажите, но податоците од Франција го демантираат тоа

Точка

23/03/2020

11:55

4.453

Големина на фонт

а а а

Поголемиот дел од луѓето кои што се позитивни на коронавирусот покажале умерени симптоми, покажуваат податоците од Кина кои што биле направени во текот на врвот на епидемијата.

Научниците од Кинескиот центар за контрола и превенција на болести објавиле истражување во кое биле анализирани податоци од првите 72.314 луѓе кај кои што бил дијагностициран коронавирусот.

Епидемиолозите велат дека треба да помине многу време додека се сфати целосниот механизам на појавувањето и ширењето на вирусот, но информациите кои што ги направиле кинеските научници можат да дадат увид за тоа кој дел од популацијата е најранлив во однос на пандемијата.

Податоците покажуваат дека мажите и жените приближно имаат иста шанса да бидат заразени од коронавирусот. 


Меѓутоа очигледно мажите се поизложени на штетното влијание на вирусот, барем оние кои што биле дел од овие почетни истражувања. Додека 2.8 отсто од мажите на кои што им бил дијагностициран вирусот завршувале фатално, тој процент кај жените изнесувал 1.7 отсто.

Значи, од сите заразени кои што го опфаќале ова истражување, 51.4 отсто биле мажи, а 48.4 отсто жени. Меѓутоа, од вкупниот број на починати, 63.8 отсто биле мажи, а 36.2 отсто жени.

Добрата вест во сето тоа било тоа што во 80 отсто од случаите, пациентите имале благи симптоми на коронавирусот. Само 14 отсто од нив биле класифицирани како ‘тешки случаи’ додека пак 5 отсто од нив биле сместени во критична категорија.

Децата во Кина покажале помалку тешки симптоми од останатите. Повеќе од 90 отсто од педијатриските пациенти биле асимптоматски, додека пак 13 отсто од нив немале апсолутно никакви симптоми. Само едно дете на 14-годишна возраст починало.


И претходните кинески податоци покажале дека постарите пациенти се позагрозени. Поголемиот дел од пациентите биле на возраст од 30 - 69 години, но стапката на смртни случаи се зголемувала со бројот на годините.

Меѓу заразените кај пациенти помлади од 49 години, процентот на смртни случаи бил 0.2 отсто.

Меѓутоа, здравствените лица во Франција откриле дека половина од пациентите кои што се заразени од коронавирусот кај нив, моментално се наоѓаат на интензивна нега и се помлади од 60 години, а овој податок го предизвикал тоа што научниците го нарекуваат “нова динамика“ во епидемијата.

„Во силна динамика сме, што покажува дека не се зголемува само бројот на новозаболени пациенти туку оваа инфекција владее и со сериозни случаи кај помладата популација“ – изјавил Женевив Шен, генералниот директор на Јавното здравје во Франција.




Спонзорирани линкови

Маркетинг