Насловна страница која го сруши интернетот: Лејди Гага позирала целосно гола и во футуристички стил

Точка

19/03/2020

11:12

2.910

Големина на фонт

а а а

Дали е рано за прогласување на насловна страница на деценијата? Фановите се опседнати со насловната страница на 33-годишната Лејди Гага за магазинот “Paper” која буквално го сруши интернетот.

Гага отсекогаш била позната како личност која ги поместува границите кога станува збор за модата и естетиката, но овој пат се надминала и себеси. Таа пред само два дена, сред кризата поради коронавирусот, објави нешто што фановите го карактеризираат како уметничко дело на современото доба. 

Лејди Гага на фотографијата позира целосно гола додека од нејзиното тело висат разни кабли и цевки, а таа изгледа како киборг.


Фотографиите се направени во соработка со белгискиот уметник Фредерик Хејман кој го скенирал телото на пејачката во 3D формат, а потоа компјутерски ја додал околината.

На фотографијата, футуристичкиот стил е во допир со природата, што има и смисла бидејќи најновиот албум на Лејди Гага е наречен “Chromatica”, а со насловната страница сакала да го промовира истиот.


Ова е првата насловна страница која привлече огромно внимание по насловната страница со Ким Кардашијан од 2014 година, на која таа целосно се разголе и го покажа својот задник.






Спонзорирани линкови

Маркетинг