Игор Џамбазов со блуз за коронавирусот: „Избори без бирачи, свадби без свирачи, стадиони без публика...“

Точка

18/03/2020

21:30

4.297

Големина на фонт

а а а

Веќе добро ви е познато дека секоја вест во медиумите и на социјалните мрежи е поврзана со коронавирусот, без разлика дали се работи за спорт, политика, здравје или култура.

Карантинот ги натера луѓето да изнајдат начин времето поминато дома да го направат корисно, а на социјалните мрежи може да се забележат и голем број уникатности.

Меѓу нив, се издвојува и шоуменот, актер и музичар, Игор Џамбазов, кој во оваа кризна (или ако сакате вонредна) состојба отсвире и испеа песна во блуз ритам, со која преку текстот објаснува во каква ситуација навистина се наоѓаме.

Видеото за помалку од 24 часа има повеќе од 40.000 прегледи и многу позитивни коментари. 

„Сега и така седиме дома, Игор кажи ни ги акордите да ја научиме да ја свириме“, „Не да е добар блузов браво Игор ми го разубави утрото. И во младоста за 5 минути правеше песна така да ти завидувам малку на позитивата. Тоа му е потребно на народот“, се дел од коментарите. 

Слушнете го неговото најново 'ремек дело' во продолжение.



Спонзорирани линкови

Маркетинг