„Смртноста е мала, но за оној кој ќе почине за него е 100 отсто...“ – изјавата на српскиот доктор е хит на социјалните мрежи

Точка

18/03/2020

13:33

7.329

Големина на фонт

а а а

На социјалните мрежи масовно се шири изјавата на српскиот инфектолог Мијомир Пелемиш. Тој обидувајќи се да ја смири јавноста изјавил: „Смртноста е мала, но за оној кој што ќе почине, за него смртноста е 100 отсто“.

Неговата логика стана хит на итнернет.

Пелемиш не е првиот српски доктор кој се нашол во медиумите поради смешните изјави.

Во иста ситуација се нашол и српскиот пулмолог Бранислав Несторович.

„Србите немаат потреба за страв, имаат лавовска генетика“ – навел тој.

„Гените на Италијанците се исклучително слаби на оваа зараза. Треба да се потсетиме дека токму тие пред околу сто години умираа масовно поради шпанската грозница“ – изјавил Несторович.

Докторот набрзо ја демантирал неговата изјава.

„Јас само изјавив дека нашата генетска структура е целосно поразлична“ – изјавил Несторович.




Спонзорирани линкови

Маркетинг