Италијанската манекенка позирала гола со маска на лицето: “Стоп за паниката”

Точка

11/03/2020

16:54

14.944

Големина на фонт

а а а

Бразилската манекенка која живее во Италија и е страсна навивачка на Милан, му објави војна на коронавирусот, а нејзината фотографија предизвика лавина од реакции.

Фабијана Брито позирала гола само со маска на лицето, а фотографијата ја објавила кон крајот на минатиот месец. 

Една од најпознатите навивачки на Милан која во неколку наврати позирала и за Плејбој, ги повикала сограѓаните да не паничат, но поголемо внимание привлекла нејзината гола фотографија.

“Стоп за паниката”, напишала 31-годишната Брито на Инстаграм покрај фотографијата која добила повеќе од 9.000 лајкови.

“Без паника, но со превенција. Да ги слушаме експертите”, напишала Фабијана на друга фотографија на која исто така носи маска, за подоцна да продолжи да објавува провокативни кадри со кои секојдневно ги радува нејзините 150.000 следбеници.



Спонзорирани линкови

Маркетинг