Оваа девојка морала секојдневно по неколку часа да учи на студот поради коронавирусот

Точка

29/02/2020

21:22

3.942

Големина на фонт

а а а

Ситуацијата со коронавирусот не се смирува веќе со месеци, а бројот на заболени и мртви од минута во минута расте. Па така, голем број на училишта и универзитети се затворени, продолжен е распустот, сè додека не се смири ситуацијата.

На социјалните мрежи почна да се споделува снимка од девојка од Тибет, Си Ланд Ба Зен, која, поради коронавирусот морала од Кина да се врати дома. Но, најголем проблем е тоа што девојката не можела да учи, да ги подготвува испитите и да “присуствува“ на онлајн часовите, кои нејзиниот факултет ги организирал поради коронавирусот.

Си е снимена како се обидува да пронајде мрежа за интернет по снежната планина. Според локалните медиуми, таа со денови била неколку часа на студот за да не заостанува од часовите.

Откако нејзината снимка е проширена на социјалните мрежи, локалната власт одлучила да испрати работници во нејзиниот крај за да го забрзаат протокот на интернет.

Видеото можете да го погледнете тука.



Спонзорирани линкови

Маркетинг