10 милиони прегледи: Поради коронавирусот овој бербер стана хит на интернет

Точка

29/02/2020

20:46

5.381

Големина на фонт

а а а

Поради коронавирусот во светот изминативе недели настана паника, но интернетот е полн и со зафрканции на сметка на пандемијата.

Екипата во страв од коронавирусот изнакупува заштитни маски за лице, а еден бербер од Кувајт отишол толку далеку поради својот страв (иако можеби е само шега), што неговото видео е прегледано 10 милиони пати за само неколку денови.

Човекот објавил снимка од маж на кој му ја крати косата со помош на продолжеток за машинка и чешел, а со оглед на бизарниот изум, не можеме да кажеме дека не му оди добро.

Видеото масовно се споделува на Фејсбук, односно досега го споделиле повеќе од 160 илјади корисници. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг