СЗО го крена нивото на опасност на многу високо и предупреди дека најголем непријател се стравот и шпекулациите

Точка

28/02/2020

20:28

2.424

Големина на фонт

а а а

Светската здравствена организација (СЗО) го крена нивото на опасност и ширењето на коронавирусот на глобално ниво на многу високо, но предупреди дека нашиот најголем непријател сега не е коронавирусот сам по себе, туку тоа се стравот, шпекулациите и стигматизацијата.

„Врз основа на најновите настани со коронавирусот, ја зголемивме нашата процена за ризикот од ширење и ризикот од влијанието на Ковид 19 на многу високо на глобално ниво“, објави СЗО на „Твитер“.

СЗО објави дека коронавирусот се шири и може да стигне до повеќето, ако не и во сите држави во светот, по потврдувањето на првиот случај на коронавирус во супсахарска Африка, во Нигерија.

„Пет држави – Нигерија, Естонија, Данска, Холандија и Латвија, ги пријавија првите случаи, а сите се поврзани со патувања во Италија“, соопшти портпаролот на СЗО, Кристијан Линдмејер.




Спонзорирани линкови

Маркетинг