Прес конференција на Венко Филипче: Тестот од утрово е негативен, возачот на комбето пријавил симптоми

Точка

28/02/2020

16:59

4.885

Големина на фонт

а а а

На почетокот на прес-конференцијата, Министерот за здравство на Република Македонија, Венко Филипче најпрво им се заблагодари на своите колеги, лекарите и медиумите кои будно ја следат целата ситуација.

Филипче понатаму во почетниот говор му се заблагодари и на регионалниот директор на СЗО за Европа, Ханс Клуге, кој ја издвоил Македонија како позитивен пример за тоа како треба да се справува со оваа ситуација. 

Министерот информирал дека пациентот кој бил тестиран утрово имал негативни резултати, додека состојбата на пациентката која е заразена е стабилна.

Филипче додал и дека пред неколку часа возачот на комбето со кое патувала заразената утрово пријавил дека има симптоми на кашлица и болки во градите. Спроведен бил на посебен начин со посебна заштитна опрема, му биле земени материјали за анализа, кои во наредните часови ќе бидат изработени во лабораторијата во Скопје.

Тој се уште не се видел со своето семејство, и немал контакт со луѓе, а неговите резултати ќе бидат готови за неколку часа.

Тој понатаму додаде дека се откажани престојните карневали во Струмица и Прилеп.



Спонзорирани линкови

Маркетинг