Приказната за неа го вознемири светот – еве која е вистинската Лолита од сагата за киднапирањето на педофилот

Точка

28/02/2020

16:53

1.268

Големина на фонт

а а а

Осудениот силувач Френ ла Сал (50) ја киднапирал Сали Хорвер и ја водел низ Америка. И по ослободувањето таа набрзо доживеала трагична судбина.

На сите им е добро позната приказната за Лолита, девојчето кое во својот роман го овековечи Владимир Нобаков.

За неа исто така се снимени и неколку филмови, а меѓу најпознатите верзии се оние на Стени Кјубрик и Адриана Лина каде што девојчето го глумеа Су Лион и Доминик Свејн.

Наводно, рускиот романсиер во 1955-та година бил инспириран од тоа морничаво киднапирање. Осудениот силувач Френ (59) ја киднапирал 11-годишната Флоренс Сали Хорнер. Две години ја држел како заложник, ја водел низ Америка, а на сите им кажувал дека се татко и ќерка.

На Сали другарчињата ја наговориле да украде тетратка од локалната продавница во градот Камден во американската сојузна држава Њу Џерси. На дело ја уловил средовечен маж кој ѝ кажал дека е агент од ФБИ и ѝ кажал дека влегла во голем проблем, а тој маж бил Ла Сал.

Ѝ кажал сè и сешто за да ја заплаши, а наивното девојче му поверувало. Сали била среќна што се спасила од апсење и ништо не ѝ кажала на мајка си и на постарата сестра за да не ги вознемири.

Ла Сал ја пронашол во училиштето во кое Сали оди и следниот ден ја пречекал таму. Го натерал девојчето да ѝ каже на мајка си дека тој е татко од нејзин соученик во училиштето и дека одат на излет на плажа.

Нејзината мајка не знаела дека нејзината ќерка е со маж кој шест месеци претходно е пуштен од затвор каде што отслужувал казна поради силување на малолетно дете.

Ла Сал ја заробил Сали и ја носел по цела земја. Некаде ќе ја запишел во училиште и ќе кажел дека тој е нејзиниот татко. Тоа траело две години додека сосед во Калифорнија не забележал дека девојчето чудно се однесува.

Додека Ла Сал на 22-ри март 1950-та година барал работа, Сали на соседот му раскажала сè и тој ѝ дал телефон за да ѝ се јави на нејзината сестра. Ла Сал потоа бил фатен, а Сали раскажала дека истиот ја заробил и ја силувал.  


Во текот на судењето тој тврдел дека е таткото на Сали. Сали сведочела дека нејзиниот татко починaл кога таа имала само шест години.

Ла Сал е осуден на 30-50 години затвор.

Сали починала во автомобилска несреќа само две години потоа. Автомобилот во кој што била удрил во паркиран камион.




Спонзорирани линкови

Маркетинг