Една несекојдневна ситуација била забележана во Грузија, кога Иранец за кој се сомнева дека е заболен од коронавирус, мислел дека е пуштен од карантин во болницата во Тбилиси.
Додека ТВ екипите чекале обраќање на некој од челниците на болницата, пред нив се појавил човекот од Иран кој тргнал да им се заблагодарува на сите за третманот кој го добил во таа медицинска институција.
“Големо благодарам за народот на Грузија. Ви благодарам... Оваа болница е совршена и професионална”, изјавил видно возбудениот Иранец.
Но, во моментот кога ја изразувал својата благодарност, една од медицинските сестри го зграбила за рака и го внела во болницата додека на новинарите им велела дека “тој не е добро”.
Локалните медиуми пишуваат дека мажот е сместен во градот Абастумани, каде пациентите со коронавирус се наоѓаат во карантин. Според последните информации, во Грузија е заразено едно лице од коронавирус, а станува збор за Грузиец кој допатувал од Иран.