"Убиец на кучиња" пронајден на плажа во Австралија: Дали знаете кое е ова суштество?

Точка

28/02/2020

16:01

5.118

Големина на фонт

а а а

На плажа во Австралија било пронајдено суштество кое според мислењето на многумина кои ја споделувале оваа фотографија на социјалните мрежи изгледа како вонземјанин.

Човекот кој го фотографирал побарал на Фејсбук пријателите да му кажат за што станува збор, а добил совет да го стави животното во пластична ќеса и да го фрли. 

"Не го допирај, тоа е убиец на кучиња", гласел коментарот.

Професорот Калум Браун од Универзитетот Меквари објаснил дека станува збор за животно кое се нарекува морски зајак, кој, како што тој вели, пушта виолетов пигмент кога е вознемирен.

"Може да бидат благо отровни, во зависност од тоа што изеле", рекол професорот Браун.

Се верува дека морските зајаци се слични со октоподите, бидејќи и едните и другите користат мастило за да се одбранат кога се чувствуваат загрозено, пишува Unilad.




Спонзорирани линкови

Маркетинг