„Претседателот на Комитетот за меѓународна соработка во Санк Петербург, Јевгениј Григорјев ми ја покажа работната соба во која што од 1991-та до 1996-та година работел претседателот на Русија, Владимир Путин“ - објавил на својот Фејсбук профил заменик градоначалникот на Белград, Горан Весиќ.
„Путин во тој период бил основач и претседател на Комитетот за меѓународна соработка во Санк Петербург и заменик градоначалник на овој град. Во тоа време, градоначалникот на Санк Петербург бил Анатолиј Собчак, асистент на Ленинградскиот Универзитет во текот на Путиновите студентски денови“.
„Од овој кабинет, во август 1996-та година, Путин се преселил во Москва каде што станал дел од администрацијата на тогашниот претседател на Русија, Борис Јелцин. Од кабинетот на претседателот, во 1998-та година Путин бил именуван за премиер на Руската Федерација, а една година подоцна бил избран за претседател на Русија“.
Само неколку странци имале привилегија да ја видат работната соба во која што, како што може да видите сè останало автентично како во времето на функцијата на Путин во Санк Петербург.
Освен претседателот Путин, во овој кабинет работеле или го посетиле, Дмитриј Медведев, Виктор Зубков, Алексеј Милер, Игор Сечин... А, тие како што знаеме станаа едни од највлијателните политички личности во Русија. Затоа може да се каже дека овој Комитет е местото каде што се создава иднината на руските политички лидери.