Две шпанско-италијански пресметки во осминафиналето на ЛЕ, Јунајтед патува во Австрија

Дерби

28/02/2020

15:00

1.630

Големина на фонт

а а а

Во седиштето на УЕФА во Нион (Швајцарија) попладнево беше извршена жрепката за осминафиналната фаза во Лига Европа, фаза во која ќе гледаме две шпанко-италијански пресметки.

Тимот на Интер кој важи за еден од главните фаворити за трофејот во ова натпреварување ќе се соочи со Хетафе кој во претходната рунда го елиминираше Ајакс, додека пак Севиља ќе излезе на мегдан со Рома што значи Мончи ќе биде во центарот на вниманието, спортскиот директор кој направи чуда со клубот од Севилја, ама не се прослави во Рим и брзо се врати во старата средина.

Манчестер Јунајтед пак го очекува дуел со австриски Ласк кој сезонва игра извонредно како на домашна сцена така и во ЛЕ.

Првите натпревари се закажани за 12 март, реваншните се на 19 март.



Спонзорирани линкови

Маркетинг