Сопругата му подарила скок со падобран за 30-годишнината од брак, но сè завршило трагично - добил падобран со дупки

Точка

28/02/2020

15:19

2.349

Големина на фонт

а а а

Британецот кој загинал при скок од авион со падобран над Големиот кањон во САД, добил падобран со дупки, соопштила локалната полиција.

55-годишниот Кристофер Свелс, како подарок од сопругата Деби за 30 години брак добил тандем скок со падобран. Но скокот, за жал, завршил трагично бидејќи дошло до проблем со опремата кога инструкторот и тој слетале на земја, наведува “The Sun”. 


Овој Британец, инаку татко на две деца, настрадал во текот на падот додека инструкторот преживеал и прошол само со скршеница на ногата.

Истражувачите утврдиле дека падобранот кој го добил британскиот државјанин бил полн со дупки, но полицијата оценила дека станува збор за несреќен случај. Компанијата која ги организирала скоковите, “Парагон”, истакнала дека опремата била целосно исправна.


“Падобраните како и комплетната опрема се одржуваат според правилата”, истакнал портпаролот на компанијата.

Американската компанија го обвинила инструкторот за инцидентот - Метју Мекгонагл, инаку воено обучен падобранец, истакнувајќи дека започнал да паничи и премногу нагло свртел кога го промашил местото на слетување.



Спонзорирани линкови

Маркетинг