Астрономите открија “мини Месечина“: Се појавила пред точно три години и кружи околу нашата Земја

Точка

28/02/2020

14:34

3.972

Големина на фонт

а а а

Астрономите од Тусона во Аризона, откриле нов астероид кој кружи околу нашата планета, а кој е наречен CD3 2020.

Ова фамозно откритие на социјалната мрежа Твитер го објавил Капер Вирчос, истражувач од "Catalina Sky Survey“ - програмата од лунарната и планетарна лабораторија од Универзитетот во Аризона.

„Земјата има нов привремен објект, можната “мини Месечина“ со име 2020 CD3. Во ноќта на 15-ти февруари, мојот колега Теди Прејн и јас, пронајдовме нов објект“ - вели Капер.

Објектот во пречник има 1.5 и 3.5 метри, а неговото патување укажува дека влегол во земјината орбита пред речиси три години.

Според неговите зборови, ова откритие е голема работа затоа што “од околу милион познати космички карпи, ова е втор астероид за кој се знае дека орбитира околу Земјата по 2006-та година кога беше откриен RH120, пренесуваат од „NBC News“.

##https://twitter.com/WierzchosKacper/status/1232460436634656769?s=20##

Астероидот во вторникот службено бил внесен во официјалниот каталог на "International Astronomical Union's Minor Planet" центарот кој што е основан во 1947-та година со задача да собира податоци за набљудување на астероидите, кометите и природните сателити во Сончевиот систем.

Центарот во службеното соопштение соопштил дека “објектот привремено е поврзан со Земјата“ како и дека не се гледа пореметување како притисок на сончевото зрачење и дека не е поврзана врска со некој непознат вештачки објект.

Последнио астероид RH120 во Земјината орбита влегол во 2006-та година. Вселенската карпа која што кружи околу Сонцето и поминува во близина на Земјата на секои неколку децении заробена е во гравитацијата на нашата планета во јуни, 2006-та година и таму се задржала до септември, 2007-та годна пред да се врати назад во Сончевиот систем. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг