Боки 13 нуди 140 илјади евра за да излезе од притвор

Точка

28/02/2020

13:18

2.961

Големина на фонт

а а а

Одбраната на обвинетиот во случајот „Рекет“, Бојан Јовановски познат како Боки 13 понуди гаранција од 140 илјади евра за укинување на мерката притвор која обвинетиот во затвор ја издржува веќе седум месеци.

Ова беше соопштено денес на јавната седница во Апелацискиот суд на која Јовановски треба да ја образложи жалбата на веќе донесеното решение за продолжување на притворот.

Одбраната на Бојан Јовановски како гаранција нуди куќа во вредност од 102 илјади евра и деловен простор во вредност од 40 илјади евра. Дел од куќата е во сопственост на прв братучед на обвинетиот, а локалот на неговата мајка, Јасминка Јовановска.

Адвокатот Сашо Дуковски повтори дека Бојан Јовановски и поради здравствени причини треба да се брани од слобода, во домашен притвор или со други мерки на претпазливост, затоа што имал потреба од посебен режим на исхрана каков што немало во затвор.

Да потсетиме, во случајот „Рекет“ покрај Јовановски, обвинети беа и поранешната шефица на Специјалното јавно обвинителство, Катица Јанева, како и Зоран Милевски - Кичеец кој ја призна вината.



Спонзорирани линкови

Маркетинг