Глобалното ширење на коронавирусот би можело да биде “болест икс“ на која експертите предупредија од претходно.
Според зборовите на СЗО таа организација во 2018-та година открила дека се подготвува меѓународна епидемија која ја нарекле “болест икс“.
Професорката Марион Копманс, шефицата на одделението за вируси на Медицинскиот центар во Универзитетот Ерасмус во Ротердам, кажала дека ширењето на Ковид-19, болеста од групата на корона вируси одговара на категоријата “болести икс“.
Станува збор за термин кој СЗО го креирале за непозната болест која на крајот би можела да заврши како пандемија, тврдат здравствените експерти од таа организација.
“Болеста икс“ се наоѓа на листата на болести кои имаат потенцијал да достигнат до ниво на епидемија, а кои се идентификувани за да им помогнат на експертите да се подготват за појавата на новата епидемија по кризата со еболата во западна Африка.
„Без оглед на тоа дали ќе се задржи или пак не, оваа епидемија брзо станува првиот пандемски предизвик кој одговара на категоријата “болести икс““ - рекла професорката.
Некои од заразените од коронавирусот немала никаква врска со Кина.
„На тој список имаме низа болести кои исто така ги знаеме како “болест икс“. Таа би требало да го предупреди светот да размисли за тоа како да се подготви за оваа болест“ - рекла таа.
Меѓу болестите кои се приоритетни на листата се кримската конго хморагиска грозница, ебола, марбуг, МЕРС, САРС, хенапивирусни болести...
„Болест иск претставува сознание дека некои сериозни меѓународни епдемии можат да предизвикаат патоген кој претходно не бил познат, а кој може да предизвика заболување кај луѓето“ - наведуваат од СЗО.
Една од најкомплицираните работи кај запирањето на вирусот е 14-дневниот период на инкубација што значи дека симптомите можеби нема да бидат видливи за тоа време.
„Потрошено е драгоцено време на пишување на одобрување за да направиме нешто што одамна требаше да биде направено“ - вели таа.
Професорката исто така укажала на тоа дека новиот коронавирус е сличен на вирусот САРС, но дека многу побрзо се шири.
„Од 2003-та година, светските патувања со авиони се зголемени за 10 пати, а напорите да се спречи епидемијата се малку обесхрабрувачки“ - изјавила таа.