Пораките кои Деп ги праќал на пријател може сосема да го уништат

Точка

28/02/2020

13:09

5.579

Големина на фонт

а а а

Пораките кои холивудскиот актер Џони Деп ги праќал на свој пријател, а во кои се наведува што се би и правел на поранешната сопруга Амбер Херд, би можеле да ги уништат животот и кариерата на славниот и на многумина омилен актер.

Холивудскиот актер, кој пред неколку дена присуствувал на премиерата на филмот "Минамата" во Берлин, моментално води битка на два фронта, поточно судници - една во Велика Британија, друга во Америка. На судот во Вирџинија Деп се спори со поранешната сопруга која ја тужел за валкање на угледот и честа, барајќи отштета од 50 милиони долари, а повод на тужбата е текстот кој таа го напишала за "The Washington Post" во 2018-та година. 

Во тој текст зборувала за себе како жртва на насилство во брак, и како амбасадорка на женските права во Американскиот сојуз за граѓански слободи повикала на поддршка за злоставување на жените. Деп ја тужел, иако не го споменала во текстот. Втората тужба е за клевета во Лондон. Имено, Деп ги тужи "News Group Newspaper" во чии рамки изгледува дневниот весник "The Sun", во кој во 2018-та година е објавена статија за тоа како ја злоставувал поранешната сопруга.

Поради тоа Деп се наоѓа во Лондон каде доживеал ново, непријатно изненадување. Тоа што се случило на судењето во Лондон може да му ги закомпликува животот и кариерата.

На судењето испливале пораки кои холивудскиот актер ги праќал до пријател, актерот Пол Бетани, а во кои гп повикува на насилство над Амбер Херд. Како што пренесува "Guardian", Деп во ноември 2013-та година на Бетани му ја пратил пораката: "Ајде да ја запалиме Амбер", а само неколку часа подоцна тој ден му пратил уште една: "Ајде прво да ја удавиме Амбер пред да ја запалиме".

Во истата порака навел и дека ќе има однос со нејзиниот леш за да се увери дека е мртва. Пораките биле прочитани во текот на парницата, која Деп ја отворил против The Sun.

На изненадување на многумина, новинарката на порталот Page Six, Емили Смит, објавила дека некогашниот правен тим на актерот "случај споделил 70.000 текстуални пораки со бранителите во Лондон". На прелиминарното сослушување на судот, можеле да се слушнат некои од пораките кои Деп, како што се тврди, му ги праќал на Бетани.

Адвокатот на The Sun, Адам Волански, искористил дел од пораките, оние од мај 2014-та година, како потврда на вистинитоста на изјавите на Херд дека Деп ја удрил и ја гаѓал со чизма пред да се онесвести во тоалетот.

Деп во пораката до Бетани напишал дека испил половина шише виски, многу ред бил и вотка, апчиња, две шишиња шампањ во авион... пред да ја собере во Лос Анџелес. И денес и тогаш адвокатите на Деп тврделе дека ништо од тврдењата на Херд не е вистина и дека тие се дел од "сложена мамка која има за цел да и помогне да напредува во кариерата".

Кој кого удрил ?

"Никаде, повторувам, никаде нема ниеден порака, документ во кој Деп вели дека ја удрил Херд или дека ја удрил неколку пати", рекол адвокатот Дејвид Шерборн по читањето на содржината на пораките и додал: "За разлика од признавањето на госпоѓа Херд кое можевме да го прочитаме".

Притоа Шерборн мислел на снимките кои различни медиуми неодамна ги објавиле, а на кои Херд признава дека го удрила Деп.

Како што додал, едната страна лаже, а другата ја зборува вистината.

"Гледаме дека госпоѓица Херд лаже. Господин Деп е 100 проценти чист", рекол адвокатот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг