Иако во Англија се уште нема потврдени случаи на коронавирусот, од редовите на Њукасл се многу внимателни кога се работи за овој опасен вирус.
Вирусот веќе неколку денови се шири низ Европа, па токму затоа клупскиот доктор на Њукасл им забранил на играчите на клубот да се ракуваат на тренинзите и за време на натпреварите.
Тренерот на клубот, Стив Брус потврди дека имаат традиција постојано да се поздравуваат на тренинзите, но тоа сега ќе се пролонгира проади страв од коронавирусот.
– Имаме ритуал и се поздравуваме секое утро. Го стопиравме тоа по совет на нашиот доктор. Имаме прекрасен доктор и тој ќе продолжи да не известува за целиот случај. Ние следиме на ТВ и се надеваме дека целата ситуација нема да се влоши, - изјави тренерот на Њукасл, Стив Брус.