Сцени поради коронавирус какви што сè уште не сте виделе: Шишање од еден метар оддалеченост и “drive in” тестови

Точка

28/02/2020

12:59

3.864

Големина на фонт

а а а

Паниката поради коронавирусот во светот не стивнува. Вирусот, по Кина, се прошири низ уште 50 држави, а во овој момент се заразени речиси 84.000 луѓе.

Како последица на вирусот починаа повеќе од 2.850 лица, а во многу држави владее страв од зараза. Во Кина веќе полни два месеци се борат со вирусот кој во провинцијата Хубеј однесе речиси 2.700 животи. Бројни градови се и понатаму во блокада, а побарувачката за маски е огромна. 

Но, колку и ситуацијата да е сериозна, секогаш знаат да нè насмеат низа комични и многу необични ситуации кои често ги следат ваквите појави. Многу од нив навистина се случиле, а дел се само производ на креативни луѓе кои и во тешките времиња како ова се обидуваат да го насмеат светот.

Токму тоа е и случај со една видео снимка која започна да кружи на социјалните мрежи, на која се гледа како во Кина ги шишаат луѓето од еден метар оддалеченост. На снимката е прикажан фризерот во заштитно одело кој ја закачил машинката за шишање на долг стап и со маска на лицето ја средува фризурата на својот клиент.

Шега на страна, некои навистина неверојатни фотографии и снимки пристигнуваат од сите страни на светот. Во Јужна Кореја е формиран “drive in” тест центар.

Оној кој се сомнева дека е заразен, може со својот автомобил да дојде до поставениот штанд каде лекарите во заштитни одела ќе му земат брис додека потенцијалниот пациент седи во возилото, и тој потоа може да продолжи понатаму.


На овој начин е овозможен минимален физички контакт.

Исто така од Јужна Кореја пристигнаа фотографии на кои се гледа како стотина луѓе кои, додека врне дожд, мирно чекаат во ред за да добијат заштитна маска.




Спонзорирани линкови

Маркетинг