Русија нема да попушти! Во Средоземното море веќе пристигнуваат воени бродови на руската морнарица

Точка

28/02/2020

14:26

3.885

Големина на фонт

а а а

Русија денес соопшти дека во Средоземното море испраќа две фрегати преку Босфорот додека тензиите во Сирија растат откако беа убиени 33 турски војници.

Фрегатите „Адмирал Григорович“ и „Адмирал Макаров“ тргнале од Севастопољ на кримскиот полуостров и започнале да минуваат низ Босфор, соопшти портпаролот на руската флота во Црното море.

Двата воени бродови кои се вооружени со крстосувачките ракети „Калибр“, како што е планирано, ќе ѝ се придружат на постојаната флота на руската воена морнарица во Средоземното море, порача портпаролот Алексеј Рулев.

Тој не откри во која земја ќе бидат распоредени фрегатите, но јасно е дека бродовите ќе ги поддржуваат операциите на руската армија во Сирија.


Интересно е што оваа мисија следува неколку часа после воздушниот напад на сириската армија во провинцијата Идлиб каде беа убиени 33 припадници на турската армија, што веројатно значи дека Русија нема да попушти под притисоците околу сириската провинција.

Русија, инаку сојузник на сириските власти, денес ги обвини турските војници дека биле „меѓу припадници на џихадистички групи“ и затоа се нашле на мета на авионите на сириската армија. Тој инцидент дополнително ги ослабе руско-турските односи и договори со цел за воспоставување на мир во Сирија.

Како земја која излегува на Црното море, Турција е обврзана со конвенција од 1936-та година за слободно движење на воените бродови низ Босфор и Дарданели. Според конвенцијата, Анкара е обврзана да дозволи поминување низ Босфорот на руските воени бродови, освен ако Турција е во конфликт или се смета дека ѝ се заканува непосредна опасност.


Сепак, за бродовите на руската воена морнарица не би требало тоа да претставува поголем проблем, затоа што руските бродови можат да влегуваат во водите на Средоземното море и низ „шпанскиот премин“, а досега покажаа дека можат да делуваат дури и од Каспиското море затоа што располагаат со ракети со голем дострел.

Инаку, редовното поминување на руските воени бродови кои одат кон Сирија или се враќаат од таму е наречен „Сириски експрес“ и секогаш привлекува големо внимание во Турција затоа што руските воени бродови минуваат низ премин во самото срце на Истанбул.



Спонзорирани линкови

Маркетинг