Лампард си пикираше уште едно потенцијално засилување за летниот преоден рок

Дерби

28/02/2020

11:54

1.063

Големина на фонт

а а а

Менаџерот на Челси, Френк Лампард полека ги крои плановите за трансфер периодот кој го очекува следното лето.

Вчера се пишуваше дека Англичанецот ќе се ослободи од дури осум фудбалери на клубот, а денеска излезе информација дека нов играч кој влегол во тефтерот на Лампард како можно засилување е Хусем Ауар од редовите на Лион.

Ауар игра во средината на теренот и е меѓу најдобрите играчи на Лион оваа сезона, а како што пишува „Тутомеркато“, Челси е подготвен за него да издвои околу 50 милиони евра.

Претходно за овој играч се интересира Ливерпул, Манчестер Сити и Арсенал, но се верува дека Лампард ќе му понуди зацементирано место во првиот тим на Челси и дека токму поради тоа „сините“ од Лондон се фаворити за неговиот потпис.



Спонзорирани линкови

Маркетинг