Шерон Стоун за мажите, убавината и животот: “Мажите се како миксери – секогаш ви е потребен еден, но никогаш не ви е јасно зошто”

Кармин

28/02/2020

11:40

4.775

Големина на фонт

а а а

Актерката Шерон Стоун која веќе е во седмата деценија, постојано го воодушевува, но и смее светот со своите изјави.

Ова се само дел од изјавите на прекрасната холивудска актерка: 

За жените и убавината

- “Вистински убавата жена секогаш е љубезна кон другите жени и луѓето општо. Не прифаќа ривалство, интрига и злоба”.

- “Пластичната хирургија не е мој избор, но не ги обвинувам жените кои се одлучуваат на таков чекор. Ако тоа ве прави среќни – зошто да не?”.

- “Во Калифорнија живеат 400.000 русокоси со истите носеви, џиновски усни, импланти во образите и со снежно бели заби. И на кој му е привлечно ова?”.

- “Ни најскапата козметика и најскапата фризура не можат да ја направат жената убава. Најсветли, најинтересни жени се оние зад чии животи стојат подеми и падови”.


- “Ава Гарднер била најубавата жена на светот. Зошто? Никогаш немала естетски корекции. Изгледала како жена и никогаш не се обидувала да изгледа како девојче”.

- “Никогаш не поставувам прашање дали сум убава или не. Но, знам еден магичен трик: способноста за создавање на илузија на привлечност. Кога една жена ќе влезе во просторија, присутните не реагираат на нејзината убавина туку на енергијата и силата која доаѓа од неа”.

- “Жените не треба да преземаат одговорност за сè на светот”.

- “Живеам со истите дојки целиот мој живот!”.

За мажите и љубовните врски

- “Подобро е да бидете потполно сами отколку да се чувствувате осамено покрај погрешната личност”.

- “Жените можеби глумат оргазам, но мажите глумат врски”.

- “Во кревет најмногу обожувам да читам сценарио”.

- “Мажите се како миксери – секогаш ви е потребен еден, но никогаш не ви е јасно зошто”.


- “Девојките често се претвораат во оние мажи за кои некогаш сонувале да се венчаат”.

- “Никогаш не легнувајте во кревет со некој кој има повеќе проблеми од вас”.

За луѓето и животот

- “Луѓето се плашат од промени – мислат дека нешто ќе изгубат. Но, забораваат дека можат да стекнат многу нови работи”.

- “Порано моравте да бидете познати за да направите некој скандал, а денес морате да направите скандал за да бидете познати”.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk