Куче заразено од коронавирус во Хонгконг...

Точка

28/02/2020

10:25

1.770

Големина на фонт

а а а

Едно куче во Хонгконг било заразено со коронавирус, соопштија локалните власти.

Станува збор за домашен миленик со „ниско ниво“ на вирусот, соопштија од градското одделение за земјоделство и рибарство.

Тие не изнесоа повеќе детали, освен тоа дека ќе бидат извршени дополнителни испитувања за да се утврди дали кучето е навистина заразено, или само е преносител на вирусот.


Инаку, во јавноста претходно се појави тврдењето дека коронавирусот најпрвин бил пренесен од лилјаци на луѓето, а сега се покажува дека се шири на бројни начини. Сепак, властите на Хонгконг засега велат дека нема докази дали домашното милениче може да се зарази или да биде извор на зараза за луѓето.

Кучето се наоѓало во карантин во одделение за животни, соопштија властите на Хонгконг.



Спонзорирани линкови

Маркетинг