Во врска со познатиот оскаровец: Поранешната сопруга на продуцентот обвинет за злоставување на 80 жени пронашла нова љубов

Кармин

28/02/2020

10:15

4.216

Големина на фонт

а а а

Дизајнерката Георгина Чапман, поранешната сопруга на Харви Вајнштајн кој е обвинет за злоставување на над 80 жени во Холивуд, започнала емотивна врска со оскаровецот Едриен Броди, потврдуваат извори за магазинот “People”.

По скандалот со Вајнштајн кој го отпочна движењето #MeToo за борба на правата на жените во работното опкружување и борбата против злоставувањето, Чапман не давала изјави за медиумите и целосно се повлекла од јавноста. 


Дизајнерката го остави Харви во 2017 година кој во понеделникот беше прогласен за виновен за напаствување на две жени. Поранешниот филмски могул го очекуваат судења и за други обвиненија.


Чапман со озглогласениот продуцент има две деца.

Како што пишува магазинот “People”, Георгина го запознала актерот Едриен Броди додека работел на филмот “Hollywoodland” кој го продуцирал нејзиниот поранешен сопруг. Романсата започнала минатиот април кога се сретнале на модна ревија во Порторико.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk