Коронавирусот нема да го одложи почетокот на ЕУРО 2020

Макфакс

28/02/2020

10:12

620

Големина на фонт

а а а

Дали УЕФА ќе го одложи почетокот на Европското првенство или не? Прашањето се наметнува откако поради коронавирусот се одложуваат или откажуваат сѐ повеќе спортски натпреварување низ светот.

Европското првенство треба да започне на 12 јуни со натпревар што ќе се одигра во Рим. Иако Италија во моментов е најголемото жариште на коронавирусот УЕФА барем засега нема планови да го одложи почетокот на првенството.

„УЕФА разговара со локалните и меѓународните власти во врска со коронавирусот. Засега нема никакви потреби распоредот на ЕП да биде променет“, соопштија од седиштето на европската куќа на фудбалот во Нион.

Според последните информации во Италија од коронавирусот досега починале 12, а заразени се 325 лица.



Спонзорирани линкови

Маркетинг