Голема ескалација во Идлиб: Во воздушни напади убиени 33 турски војници, започнува ли турска инвазија на Сирија?

Точка

28/02/2020

09:42

4.428

Големина на фонт

а а а

Најмалку 33 турски војници се убиени во вчерашните воздушни напади на просторот на северозападната сириска провинција Идлиб.

Засега не е познато колку војници се ранети, но според неофицијалните информации, станува збор за стотина повредени турски војници и турските болници веднаш преку границата се преоптоварени.

Станува збор за голема ескалација која може да предизвика нова бура на Блискиот исток и турска инвазија на Сирија, нешто што турските власти веќе подолго време се закануваат дека ќе го направат, а сега оваа ситуација веројатно ќе ја искористат и како цврст аргумент.


Во овој момент не јасно кој точно стои зад воздушниот напад, сириските или руските воздушни сили. Турција тврди дека станува збор за воздушни напади изведени од сириското воено воздухопловство, но некои извори, неофицијално тврдат дека во нападот учествувале и руски авиони.

Силниот удар на турската армија ѝ е зададен во моментите кога тие им помагаат на екстремистите ги ја вратат контролата над териториите кои неодамна ги зазеде сириската армија, посебно кај градот Саракеб кој се наоѓа на стратешкиот автопат М5.


После воздушните напади, турската армија веднаш возвратила: „Удривме на сите познати позиции на сириската војска во Идлиб“.

Истовремено додека траат кризните состаноци во Турција, слободно може да се каже дека ова е најопасната ситуација досега, затоа што од Анкара веќе ги контактирале сојузниците од НАТО Алијансата барајќи директна помош и вклучување на најмоќниот воен сојуз во војната која се разгорува.



Спонзорирани линкови

Маркетинг