Турската војска гаѓа руски авиони! Во Сирија владее вистински хаос, еве како се бранат силите на Асад и Путин

Точка

27/02/2020

20:31

6.170

Големина на фонт

а а а

Турските единици гаѓаат позиции на сириските владини сили и руски авиони во провинцијата Идлиб, се наведува во репортажата на телевизијата "Rossia 24".

"Сириската војска, во буквална смисла, ја спасува авијацијата - и сирската и руската". Авионите на Военото воздухопловство на Сирија и Воздушно-космичките сили на Русија од ден во ден ги сопираат милитантите", наведува дописникот од Блискиот исток, Јевгениј Подубни. 

Според неговите зборови, турските сили и милитантите активно користат противвоздушни комплекси. Руската и сириската авијација користат топлотни мамки за заштита од огнот.

"Руските и сириските авиони исфлраат лажни топлотни мети, откако бомбардираат позиции на радикалните сили на поранешната филијала на Ал Каеда", се наведува во репортажата.

Епицентарот на борбените акции е во подрачјето на селата Најроб, Сел и Џубас.

Како што јавува телевизијата "Rossia 24", акциите на Анкара се одговор на воздушните напади во кои загинале најмалку двајца турски војници. Како што пишува "Daily Sabah", уште двајца војници се повредени. Кој го извел нападот, не е соопштено.

Претходно турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган изјавил дека Турција не задоволна со резултатите од досегашните разговори со Русија за сириски Идлиб и подготвена е за почеток на воена операција во тој регион. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, ова го нарекол најлошо сценарио.




Спонзорирани линкови

Маркетинг