Коронавирусот се прошири на сите континенти, освен Антарктикот

Макфакс

27/02/2020

19:53

1.756

Големина на фонт

а а а

Коронавирусот се прошири низ 40 земји во светот и заразени има на сите континенти освен Антарктикот, пренесува агенцијата „Танјуг“.

Досега, најмалку 2.800 луѓе, најголемиот дел во Кина, починаа од новиот вирус.

Во светот се пријавени над 81.700 случаи на инфекција, а Светската здравствена организација синоќа објави дека за првпат бројот на пријавени случаи надвор од Кина е поголем од оние во Кина.

Според Си-ен-ен, во Италија се забележани 400 случаи на коронавирус, така што во оваа земја има најголем број на заразени во Европа.

Вирусот се шири низ цела Европа, при што први случаи се пријавени и во Норвешка, Романија, Грузија и Македонија, пренесуваат светските медиуми.

Дека вирусот стигнал дури и на Арктикот беше објавено откако на коронавирус била позитивно тестирана жена од норвешкото гратче Тромсe.

Многу европски држави преземаат мерки, а Италија во изолација стави околу 100.000 луѓе кои имаат забрана за патување.



Спонзорирани линкови

Маркетинг