Заразена и иранската претседателка: Вчера седела покрај претседателот Рохани, денес е во болница поради коронавирусот

Точка

27/02/2020

18:17

2.989

Големина на фонт

а а а

Потпретседателката на Иран, Масуме Ебтекар, е заразена со потенцијално смртоносниот коронавирус.

"Потпретседателкатата Ебтекар е на домашно лекување, а поради мерките за претпазливост сите во нејзиниот кабинет се подложени на тестирање на коронавирусот и во сабота се очекуваат наодите", рекла нејзината советничка Фариба Ибрихај. 

Политичарката во средата била на состанок на владата и седела на само неколку метри од претседателот Хосан Рохани.

Во Иран од коронавирус починале најмалку 26 лица, а заразени се 245 Иранци.

Меѓу заразените е и заменикот министер за здравство Ираџ Харирчи, парламентарниот пратеник Махмуд Садки и шефот на парламентарната комисија за национална безбедност и надворешни работи, Мојтеб Занур.




Спонзорирани линкови

Маркетинг