Чекала одговор од момчето кое ѝ се допаѓало, а пораката стигнала по осум години и не била баш пријатна...

Точка

27/02/2020

20:42

6.221

Големина на фонт

а а а

Австралијанката која се претставила како Сали, своето искуство го споделила на интернет. Таа останала целосно збунета кога добила порака од мажот кој одамна ѝ се допаѓал. Таа порака била одговор на нејзината која му ја испратила пред точно осум години.

Неа, некое момче одамна многу ѝ се допаѓало, а прв ѝ испратил порака во 2011-та година со содржина: „Здраво убава. Како си?“.

Сали по три денови му одговорила: „Здраво, добра сум, благодарам. Што има кај тебе?“.

Меѓутоа, нејзиниот додворувач не чекал три денови за да ѝ одговори туку повеќе од 3.000 денови па ѝ одговорил во 2019-та година со невообичаен текст.


„Дури сега ми стигна твојата порака, телефонот ми се апдејтираше, помина многу долго време“ - напишал тој како да не поминало повеќе од осум години во меѓувреме.

Не е познато дали Сали му одговорила на пораката.

Нивната размена на пораки се појавила и на социјалните мрежи и насмеала многумина.

„Тоа е стандардно време за одговор“, „Станува збор за момче кое умее да се фокусира и да се посвети“ - се само дел од шеговитите коментари.




Спонзорирани линкови

Маркетинг