Филипче: Вкупно 12 лица се во изолација во нивните домови, се чекаат резултати за еден сомнителен случај

Макфакс

27/02/2020

16:37

1.695

Големина на фонт

а а а

Пациентката на инфективната клиника заразена од коронавирус се чувствува добро и нема критични знаци, но е во излоација, информираше на прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче.

Тој нагласи дека во моментов се очекуваат резултати за уште еден сомнителен случај, на лице кое допатувало од Рим. Резултатите од тестот министерот најави дека ќе бидат објавени за околу час и половина.

Двајца пациенти, еден возач на товорно возило и една жена која допатувала од Рим се негативини на коронавирус, додаде Филипче.

Тој посочи дека одлучено е состојбата на патниците на комбето во кое патувала заразената пациентка да се селди во наредните 14 дена. Тие се вкупно 12 лица, а меѓу нив има и две деца. Се наоѓаат во своите домови во Скопје и во Струмица. Станува збор за здрави луѓе, но сепак се изолирани од контакти со други лица.

Министерот објасни дека во комбето биле вкупно 9 лица, заразената и уште 8 други. Во карантин се 12, бидејќи останатите 8 патници во меѓувреме имале контакт со уште четворица други.

Утре ќе се направи проверка на здравствените капацитети во случај ако е потребно да се спроведе преместување од домашно сместување во карантин.

Филипче кажа дека во моментов нема други кои евентуеално би биле подложени на тестирања за коринавирус.



Спонзорирани линкови

Маркетинг