Видео кое ги запрепасти сите: Дали некогаш сте виделе како се храни младенче од фламинго?

Точка

27/02/2020

18:03

7.850

Големина на фонт

а а а

Способноста да произведе млеко со кое што ги храни своите младенчиња е особина која што цицачите ги разликува од животните.

Поголемиот дел од птиците своите младенчиња ги хранат со високо-протеински инсекти, но во случајот на грабливци.

Меѓутоа, студиите покажале дека некои птици како што се гулабите, фламинго и царски пингвини и тоа мажјаците и женките исто така можат да произведат “млеко“ со кое ги хранат своите младенчиња.

Фламингата се моногамни животни. Кога ќе пронајдат партнери, градат гнездо и во него положуваат едно големо јајце. Кога младенчето ќе се испили и мајката и таткото го хранат со млеко.

Појавувањето на младенчето во мозоците на родителите стимулира ослободување на пролактин - истиот хормон кој поттикнува лактација кај жените со кој ќелиите во грлото на родителите испуштаат секрет на магична формула.

Интересно е тоа што во процесот на лактација фламингата ја губат бојата. До престанувањето на доење, пердувите на овие егзотични птици стануваат речиси целосно бели.

„Млекото од фламингата е богато со протеини и помасно е од човечкото млеко, има “конзистенција на кравјо сирење““, вели Пол Роуз, истражувач на фламинга од Универзитетот Егзетер во Велика Бртанија.

Млекото од фламингата е со впечатливо розова боја затоа што родителите го произведуваат со истите пигменти, каротеноиди кои исто така се заслужни за бојата на самите фламинга.

Иако станува за процес кој на научниците и на љубителите на птици им е непознат сепак снимката која се појави на социјалната мрежа Инстаграм предизвика неверојатен број на реакции. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг