Мистериозно суштество од Тихи океан! Има остри заби како жилет, тело на змија, а најчудното е тоа што нема очи

Точка

27/02/2020

16:57

6.514

Големина на фонт

а а а

Се зборува дека овој необичен морски ѕвер без очи пристигнал од длабочините на Тихи океан.

Кон средината на месец февруари ова суштество го откриле жителите на тамошната област, на плажата Дестиладерас на мексиканското крајбрежје на Тихиот океан.

Тоа мистериозно суштество има исклучително остри заби и помалку потсетува на делфин, но нема никакви очи ниту пак некакви други видливи особини како што се перките.

Неговото тело донекаде потсетува на змија.

Според извештаите, луѓето кои го пронашле на почетокот сметале дека станува збор за делфин, но кога го погледнале одблизу сфатиле дека тоа не е делфин. Никој од локалните рибари не можел да утврди за што станува збор.


Некои од луѓето изјавиле дека можно е ова суштество да дошло од длабочините на океанот покрај крајбрежјето Пуерто Валарте кое се спуштило до длабочина од 1.000 метри. Доколку тоа е вистина, таму на таква длабочина би можело да се објасни и неговиот недостаток на очи.

Некои корисници на социјалните мрежи сметаат дека станува збор за мртов делфин со отстранети очи. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг