Тревога на Апенините: Италијански фудбалер заразен од коронавирусот!

Точка

27/02/2020

14:41

3.642

Големина на фонт

а а а

Еден италијански фудбалер е заразен од коронавирусот кој моментално се наоѓа на лечење, пренесуваат италијанските медиуми.

Италијанските медиуми пренесуваат дека фудбалер од Серија Ц е заразен од коронавирус, но поради безбедносни причини не го наведуваат неговото име, ниту името на клубот во кој што тој игра.

„Станува збор за клуб кој што е од областа на Сиена, а играчот во тој тим не се појавил цела седмица поради зголемена телесна температура и малаксаност“ - се наведува во соопштението.

Откако биле направени сите тестови, се утврдило дека споменатиот фудбалер е заразен од смртоносниот вирус корона.

Мометално истиот се наоѓа на лечење во државната болница во Сиена. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг