Срушената фасада на МЕПСО чинеше 11 милиони евра! Шилегов најавува брутално решавање на „Скопје 2014“

Точка

27/02/2020

23:45

13.554

Големина на фонт

а а а

Вчерашното невреме кое го погоди Скопје предизвика голема материјална штета, а „жртва“ на ветерот беше и фасадата на зградата на МЕПСО во центарот на градот.

Утринава осамнаа фотографиите на кои може да се види како фасадата на зградата на МЕПСО е срушена по ветерот кој според Хирдометеоролошкиот завод бил со јачина од околу 70 километри на час.


Разлетан стиропор, лепак, малтер и уништени автомобили - ова е резултатот на фасадата од неокласицистички стил која во рамките на проектот „Скопје 2014“ чинела неверојатни 11 милиони евра.

По рушењето на фасадата од стиропор, се огласи градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ, како и градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов.


Богдановиќ на „Фејсбук“ напиша „што да се прави со Скопје 2014? Сам се руши“, додека Шилегов најави одговорност и „брутално решавање“ на проектот по завршувањето на парламентарните избори во април.

„За Скопје 2014 ... Причина повеќе за оние кои се сомневаа (за жал ги има, од сите политички провиниенции) дали треба да се реши Скопје 2014. Да се разбереме. Скопје 2014 мора да се реши. Сега и веднаш. Најбрутално. На истиот начин на кој што го силуваа нашиот град. Почнуваме после изборите. И да !!! Конечно да (ќе) има одговорност за ова лудило“, порача Петре Шилегов.



Спонзорирани линкови

Маркетинг